
Решение
Роботска рака со достапна цена која ги чита мускулните сензори и им помага на луѓето без екстремитети во секојдневниот живот; развиен со отворен код и 3Д-печатач, моделот чини меѓу 150 и 200 долари.
Целна група
Лица со недостаток на горни екстремитети
Проблем
Недостаток/ отсуство на горниот екстремитет: елиминирани функционалности (пишување, држење и сл.)
Идеја
Преку отворен и достапен-за-сите код за програмирање и приспособување, како и изработени насоки за “направи-сам”, корисниците ќе можат самостојно да изработат свој модел на бионичка рака, испечатена со 3Д печатач. Намалувајќи ја цената на ова помагало кое е достапно на пазарот во друг облик од 100.000 евра до помеѓу 150 и 200 евра, правејќи го ова решение достапно за широката јавност, а не само за оние кои се финансиски способни да си го обезбедат.
Членови
- Борис Ноцески
- Орхан Багашов
- Анамариа Илиева
- Тео Китановски
Ментор
- Иван Чорбев
Технички ментори
- Александар Колов
- Стеван Костоски
- Александра Бендевска