Десетте тимови учесници во младинскиот предизвик ги преточија своите идеи во прототип решенија за #дигитална #инклузија

Смарт АП јануари 8, 2020 0 Коментари

Трансформацијата на едни навидум обични идеи во реални и видниви прототип решенија на тема #дигитална #инклузија во склоп на овогодинешниот предизвик за млади Generation Unlimited беше реализирана на главната три-дневна работилница за ко-креирање – Bootcamp, која се одржа на 13, 14 и 15 декемри.

Десетте тимови учесници кои претходно на пред-работилниците се запознаа со методот на работа design thinking и во текот на следните две недели изготвија теренско истражување за да ги поткрепат своите идејни решенија, на главната работилница успеаја со помош од фасилитаторот и менторите на предизвикот да оформат прототип кој го претставија пред жири комисијата со цел да бидат одбрани како едни од 5те тимови кои ќе продолжат во процесот на инкубација на нивното решение.

Над 40 млади го поминаа својот викенд во просториите на Македонски Телеком и напорно работеа да дизајнираат решенија кои ќе ги адресираат потребите на децата и младите со попреченост, се со цел да обезбедат нивно самостојно, еднакво и самоуверено учество во општествените активности. Така, тие дојдоа до најразлични концепти: паметна инвалидска количка, бионичка рака која може секој поединец сам да ја испечати со помош на 3Д печатач, бројни апликации за помош при секојдневното учество во образовните институции, движење низ јавниот простор и платформи кои допринесуваат кон целосно инклузивно општество за сите!


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/blinkmk/public_html/genunlimited.mk/wp-includes/functions.php on line 5219