Решение

Дигитално ресторанско мени инклузивно и достапно за сите, развиено со помош на принципите за универзален дизајн. Во апликацијата се собрани менија од ресторани, при што се претставени во различни формати, прилагодени за различни  нарушувања на видот, слухот, дислексија, интелектуална попреченост. Употребената технологија може да се користи за подобрување на достапноста на информациите во други сектори, вклучувајќи ги образованието и здравството.

Целна група

Лица со различни видови попречености, но особено:
– Лица со оштетен вид
– Лица со оштетен слух
– Лица со дислексија
– Лица со аутистичен спектар нарушувања
– Други видови интелектуални попречености

Проблем

Пречки при извршување на секојдневните активности фокусирано на посетувањето на угостителски објекти: ресторани, поради неприспособеноста на мени-ата во истите.

Идеја

Апликација која можат да ја користат лицата со оштетен вид, оштетен слух, дислексија, аутистичен спектар нарушување и други видови попречености да имаат пристап до приспособени менија на постоечки ресторани во местото на живеење.

Членови

  • Ивона Миланова
  • Дамјан Златинов
  • Марија Чаушевска
  • Ана Пупоска
  • Кристијан Лазарев

Ментор

  • Христијан Ѓорески

Технички ментори

  • Александра Бендевска