Рефлексија на искуството до сега: тим “Bionic”

Здраво, ние сме eBionics, еден од тимовите – победници на Generation Unlimited младинскиот предизвик. Можеби имате слушнато за нас и за нашиот продукт – 3Д печатена бионичка рака, па додека ние работиме на ново подобрување на бионичката рака, би сакале да направиме кратка рефлексија на нашето искуство досега! Приказната на eBionics започна во декември минатата година, пред првата работилница на предизвикот. За нас беше многу важно тимот да биде составен од членови кои меѓусебно се познаваат и имаат комуникација и надвор од училиште, а исто така и секој член однапред да ја знае својата задача. Тоа беше и главна причина што дојдовме до нашата идеја. Нашата цел на работилницата беше да ги убедиме сите дека идејата нема да остане само на тоа, туку дека ние ќе ја направиме реалност, што и навистина се случи во тие 3 дена. Иако во оваа фаза беше потребна само идејата, ние сакавме да го покажеме потенцијалот на овој проект уште од почетокот.

 

Во еден момент, тензијата и нервозата при работата се претворија во задоволство и изненаденост – дури и од наша страна. Очекувано, прототипот беше далеку од тоа што го имаме денес, но најважно беше да покажеме дека замислата на дело навистина работи. Во овие 9 месеци, успеавме да направиме нова верзија и ја зголемивме функционалноста на бионичката рака иако го скративме процесот на склопување од 7 часа на само 1 час. Имаме и наша веб-страна, на која што можат да се пронајдат сите информации потребни за секој, секаде да може да ја склопи нашата бионичка рака, како и профили на социјалните мрежи, каде што секогаш ги објавуваме најинтересните моменти од нашата работа. Моментално, работиме на уште една верзија на раката, за која очекуваме дека ќе функционира уште посоцистифирано, а корисниците веднаш би се навикнале на неа. Би ви препорачале да не следите на Фејзбук и Инстаграм, како и да се приклучите на нашата Фејзбук заедница – таму со сигурност ќе ги добиете сите новости поврзани со нашето искуство и работа, чиј дел сте и самите вие!

Read More
GenUnlimited октомври 7, 2020 0 Коментари

Приказната продолжува: нови чекори за победничките тимови на Младинскиот предизвик 2019/20

Тимовите “Bionic”, “Mind Benders” и третиот, почесен тим “Нешто Нетипично” кои освоија дополнителна финансиска поддршка од локалните организатори на предизвикот за млади “Генерација без граници”, продолжуваат да работат на нивните иновативни решенија за дигитална инклузија на децата и младите со попреченост во образованието и општествените активности.

Победниците на локалниот натпревар ги надградуваат нивните проекти со поддршка од експерт консултанти од повеќе области за да обезбедат постојан и одржлив развој. Тимот “Нешто Нетипично”, со цел адаптирање на новите услови ги започна подготовките за ставање во функција на нова платформа во поддршка на нивната мобилна апликација “Walkiie”. Преку оваа платформа, родителите заедно со децата и младите со попреченост ќе можат да учествуваат во креативни работилници со волонтери, според претходно-определна агенда и временски термини. Ваквите групни он-лајн активности прилагодени за домашни услови даваат можност за креативно изразување, стекнување нови вештини и нови пријатели!

 

Првите чекори кон усовршување на нивното решение ги направија и тимот “Bionic” кои покрај подготовката на нова верзија од 3Д печатената рачна протеза, посветено работат на креирање на одржлив модел на нивниот проект и планирање на долгорочните цели. 

Тимот зад решението “Digital Menu”, мобилна апликација која нуди прилагоден, инклузивен пристап до дигитализирани менија на локалните угостителски објекти, тимот “Mind Benders” работи на унапредување на функционалностите на апликацијата, но и лансирање на он-лајн веб решение за крајните корисници од угостителскиот сектор, со цел ефективно одржување на постојните и идни бази.

Бидете дел од активностите кои следат и поддржете ги младинските иницијативи! 

 

Следете ги победничките тимови на нивните социјални медиуми на следните линкови: 

Тим “Нешто Нетипично”: 

Facebook 

Instagram 

Тим “Bionic”:

Facebook 

Instagram 

Тим “Mind Benders”:

Facebook 

Instagram

Generation Unlimited – Младинскиот предизвик 2019/20 е организиран од страна на УНИЦЕФ во партнерство со Фондацијата Телеком за Македонија, имплементиран е од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје и е локално поддржан од Сојузот на извидници на Македонија.

Read More

Десетте тимови учесници во младинскиот предизвик ги преточија своите идеи во прототип решенија за #дигитална #инклузија

Трансформацијата на едни навидум обични идеи во реални и видниви прототип решенија на тема #дигитална #инклузија во склоп на овогодинешниот предизвик за млади Generation Unlimited беше реализирана на главната три-дневна работилница за ко-креирање – Bootcamp, која се одржа на 13, 14 и 15 декемри.

Десетте тимови учесници кои претходно на пред-работилниците се запознаа со методот на работа design thinking и во текот на следните две недели изготвија теренско истражување за да ги поткрепат своите идејни решенија, на главната работилница успеаја со помош од фасилитаторот и менторите на предизвикот да оформат прототип кој го претставија пред жири комисијата со цел да бидат одбрани како едни од 5те тимови кои ќе продолжат во процесот на инкубација на нивното решение.

Над 40 млади го поминаа својот викенд во просториите на Македонски Телеком и напорно работеа да дизајнираат решенија кои ќе ги адресираат потребите на децата и младите со попреченост, се со цел да обезбедат нивно самостојно, еднакво и самоуверено учество во општествените активности. Така, тие дојдоа до најразлични концепти: паметна инвалидска количка, бионичка рака која може секој поединец сам да ја испечати со помош на 3Д печатач, бројни апликации за помош при секојдневното учество во образовните институции, движење низ јавниот простор и платформи кои допринесуваат кон целосно инклузивно општество за сите!

Read More
Смарт АП јануари 8, 2020 0 Коментари

Се одржаа отворените инфо-денови за младинскиот предизвик Generation Unlimited

На 24 и 25 октомври, во Magenta Room (Телеком Македонија) се одржаа инфо-денови каде присуствуваа инспиративни млади иноватори со цел да дознаат повеќе за овогодинешниот предизвик. Присутните слушнаа детални и мотивирачки презентации на темата дигитална инклузија од страна на Софија Богева, специјалист за иновации, Марија Велиновска, дефектолог од „Отвори ги прозорците”и проф. Иван Чорбев, декан на ФИНКИ.

Најпрво зборувавме повеќе за активностите на предизвикот како и значењето, по што слушнавме повеќе за тоа што е инкузија и кои видови на попреченост постојат, а на самиот крај се фокусиравме на асистивната технологија и отворените можности за нови иновативни решенија.

Присутните имаа можност да ги постават своите прашања, да се впуштат во дискусија и да ги споделат своите мислења и искуства на темата.

За сите оние кои за жал ги пропуштија инфо-деновите, презентациите можат да ги погледнат на овој линк.

Следете ги настаните на нашиот facebook event: https://www.facebook.com/events/562820347794865/

Read More
Смарт АП октомври 31, 2019 0 Коментари

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/blinkmk/public_html/genunlimited.mk/wp-includes/functions.php on line 5219